Работна средба со Здружението на приватни лекари на Македонија

Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува со соработката со Здружението на приватни лекари на Македонија и во својата втора средба во 2013 година, одржа работилница на тема: Унапредување на соработката сo Здружението на приватни лекари на Македонија, на која се презентираа активностите на секторот контрола и се констатираа најчестите неправилности во здравствените установи од примарна здравствена заштита со цел подобрување на работата на избраните лекари и подигнување на квалитетот на здравствените услуги на повисоко ниво.