Говор на директорот на ФЗОМ Г-дин Јован Грповски по повод организираниот симпозиум за „Бубрежна трансплантација“ од страна на здружението на нефролози на РМ

Би сакал пред се да се заблагодарам на поканата да присуствувам на овој Симпозиум чија цел е да се предочи и истакне важноста на трансплантацијата на ткива и органи, да се продискутира за перспективите од организирање на еден модерен систем за кадаверична трансплантација на ткива и органи во нашата држава.