На заедничката прес конференција на министерот за здравство, г. Никола Тодоров со директорот на Фондот за здравствено осигување на Македонија, г. Јован Грповски ја информираа јавноста дека во изминатиот период интензивно се работеше на имплементација на проектот „Систем за електронска здравствена картичка (ЕЗК) и воедно упатија апел до сите осигуреници на Фондот кои не поднеле барање за издавање на ЕЗК истото тоа да го направат во најбрз рок (за вработените преку нивните фирми а за останатите поединечно да дојдат на шалтерите во подрачните служби на Фондот).