ФЗОМ за прв пат одлучи да спроведе теренско анкетирање на осигурениците со цел да утврди какво е задоволството на осигурениците од добиените услуги во ФЗОМ, преку независна страна. Подготовките започнаа од март 2012 година и се финализираа со објава за Јавна набавка во декември 2012. Како најповолен понудувач за спроведување на теренското истражување се одбра Институтот за политички истражувања – Скопје, а цената на истражувањето чини 587.000,00 денари.