Соопштение во врска со Предлог законот за прекинување на бременоста

ФЗОМ би сакал да ја информира јавноста дека целосно го подржува Предлог законот за прекинување на бременоста доставен од Владата на Република Македонија. Сакаме да потенцираме дека доставениот предлог закон по својата суштина и материјална содржина е соодветен на веќе постојната важечка легислатива во Република Македонија, која е донесена во седумдесетите години на минатиот век. Со овој предлог на закон се напуштаат иделошките примеси од типот “Основна организација на здружен труд – ООЗТ “Организација на здружен труд-ОЗТ” и слично.