Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите осигурени лица дека за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита со двојазичен образец надвор од територијата на Република Македонија во следните земји: Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија.