Фондот за здравствено осигурување на Македонија им излезе во пресрет на осигурените лица со бубрежни заболувања и во својата правна регулатива го воведе ПРАВОТО НА ДИЈАЛИЗА ВО СТРАНСТВО НА ТОВАР НА ФОНДОТ, беше истакнато на денешната заедничка прес конференција на ФЗОМ и на здружението на граѓани на бубрежно болни НЕФРОН. Хроничната бубрежна инсуфициенција е заболување од посебен интерес за Република Македонија за кое е неопходно потребен континуиран хемодијализен третман.