Одржана работна средба на директорот на ФЗОМ со здружението на граѓани нa хронична миелоидна леукемија ХМЛ

Фондот за здравствено осигурување продолжува со соработката и подршката на активностите на здруженијата на граѓани (пациенти) во Македонија и во таа насока директорот на ФЗОМ м-р Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим одржа работна средба со г. Пепо Леви, Претседател на здружението ХМЛ. Тема на разговор на оваа редовна средба беше да се утврди во колкав обем се исполнети заклучоците од претходните средби во ФЗОМ, односно колкав е напредокот на реализација на активностите на здружението.