Фондот за здравствено осигурување одржа работен состанок со претставници на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и со меѓународниот консултант на УНФПА, г. Годфри Воекер. Целта на состанокот беше да се утврдат можните рамки на соработка во врска со реализирање на актвиности од Акциониот план за намалување на матернална, перинатална и доенечка смртност за 2013-2014 година. Овој Акционен план беше усвоен на седница на Влада на Република Македонија на 29.06.2013 година.