Остварена работна посета на европарламентарци со директорот на ФЗОМ и со советникот за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија

Директорот на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова беше домаќин на работна посета на европарламентарците Тања Фајон и на Кнут Флекенштајн, како и на Михаел Шнатц од АСБ, Сојузно здружение од Германија, оддел за меѓународна помош. На средбата присуствуваше и Александар Митов, советник за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија.