Реализирана посета на висока делегација од Република Македонија во Сент Денис во Франција за транпслантација

Во Агенцијата за биомедицина во Сент Денис во Франција од 07 до 09 октомври 2013 година се реализира посета на висока делегација од Република Македонија, предводена од директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејковаја, а во состав: претседателот на Лекарска Комора на Македонија, проф. др. Кочо Чакалароски, проф. др. Сашо Дохчев, Клиника за урологија и доц. д-р. Игор Николов, Клиника за нефрологија.