Соопштение за добиена благодарница за ФЗОМ од Здружението за борба против рак „Борка“

Како резултат на долгогодишната соработка и поддршка, на шестата национална конференција за рак на дојка што се одржа на 07 октомври 2013 во организација на Здружението за борба против рак „Борка“, на Фондот за здравствено осигурување на Македонија му беше доделена благодарница како промотор во борбата против ракот на дојката, како и за придонесот и активното вклучување во борбата против ракот на дојката.