На покана на Лазо Ефремов, претседател на здружението на граѓани НОРА и на Драган Чичиќ, поранешен претседател на НОРА, денес новите простори на НОРА ги посети директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим. При посетата, беа опфатени неколку теми. Се разменија и информации за тоа во колкав обем се исполнети заклучоците од претходните средби во ФЗОМ.