Говор на директорката на ФЗОМ М-р Маја Парнарџиева Змејкова по повод Европската недела на цистична фиброза

Чест и задоволство ми е што денес присуствувам на овој значаен настан по повод одбележување на Европската недела на цистична фиброза, на поканата од здружението на граѓани, кои се наши партнери во борбата против ова заболување.