Работна посета на директорот м-р Маја Парнарџиева Змејкова во Кавадарци

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија м-р Маја Парнарџиева Змејкова денеска беше во еднодневна работна посета во Кавадарци. Се одржаа неколку работни средби со раководителот на подрачна служба Кавадарци, Снежана Јованова.