Учество на ФЗОМ на Вториот здравствен Самит организиран од меѓународниот проект Хелтгрупер

„Кога е фер да се каже не“, односно одлучувањето во распределбата на средствата во здравствените системи и поставувањето на приоритети, беше темата на Вториот здравствен самит, организиран од меѓународниот проект Хелтгрупер, што се одржа на 7 овој месец во Скопје. На овогодишниот самит активно учествуваше и Фондот за здравствено осигурување со презентација на директорката м-р Маја Парнарџиева Змејкова на тема „Распределбата на средствата во системот на здравствено осигурување во Република Македонија“.