Учество на Едукативна работна средба како дел од „Кампањата за рано препознавање на нарушување на растот„

Постигнат е голем напредок во лекувањето на децата со нарушување на хормон како резултат на соработката на Фондот за здравствено осигурување и здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања РАСТ, во изминативе 3 години, ова го истакна на денешната Едукативна работилниија директорката на ФЗОМ, м-р Маја Паранарџиева Змејкова. Едукативната работилница која е дел од „Кампањата за рано препознавање на нарушување на растот“ а организирана од здружението РАСТ и е наменета за здравствените работници и директори на установи кои се грижат за децата во претшколаска возраст на територија на град Скопје.