Крводарителна акција во ФЗОМ

Дури 20 отсто од вкупно 800 вработени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се вклучија во крводарителната акција „Спасете живот дарувајте крв“ која е организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Крводарителната акцијата е на иницијатива на директорката на Фондот, м-р Маја Паранарџиева Змејкова која и самата даруваше од течноста што живот значи.