Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија м-р Маја Парнарџиева Змејкова денеска беше во еднодневна работна посета во Битола. Фондот од 13:00 до 15:00 часот организираше средба со граѓаните по мото - Отворени денови за граѓаните. На оваа средба граѓаните добија одговор за своите прашања, дилеми и истовремено имаа можност да дадат свои предлози и сугестии до првиот човек на ФЗОМ, директорката, м-р Маја Парнарџиева Змејкова и до нејзиниот тим.