Почитувани дами и господа, Почитувана претседателке на Фармацевтската комора, Чест и задоволство ми е што денес присуствувам на Собранието на Фармацевтската комора на Македонија и Ви благодарам на поканата. Познато е дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со моето лично залагање и залагањето на мојот тим, се стреми за блиска, транспарентна и конструктивна соработка со сите чинители во нашиот здравствен систем.