Согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 142/08, 64/09, 156/09, 166/10, 53/11, 185/2011, 44/2012 , 15/2013, 91/2013 и 170/2013), невработените лица носители на здравствено осигурување потребно е да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Осигурениците кои треба да се регистрираат/пререгистрираат во подрачната служба на Фондот во Скопје, заради заштеда во време и пари кои ги губат патувајќи до центарот на градот каде е сместена Подрачната служба на ФЗОМ во Скопје, можат да се регистрираат/пререгистрират во задолжителното здравствено осигурување и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Скопје сместени во Поликлиниките на Здравствен дом во ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ДРАЧЕВО, ЧАИР, ЧЕНТО, ШУТО ОРИЗАРИ како и во зградата на општина ИЛИНДЕН и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Тетово во поранешната зграда на општина Камењане во општина БОГОВИЊЕ и во Здравствен дом во општина ЖЕЛИНО.