Работна посета на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева - Змејкова на Прилеп, Кавадарци и Неготино

Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Паранарџиева-Змејкова во Кавадарци ја одржа четвртата од четиринаесетте работилници наменети за пензионерите за едукација на нивните права од здравствено осигурување, како и едукација за определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за правата од здравствено осигурување, како и за превенција на нивното здравје за трите најчести незаразни заболувања (кардиолошки, нефролошки заболувања и дијабетес).