Работна посета на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева - Змејкова на Гевгелија, Валандово и Дојран

Општата болница во Гевгелија во изминативе четири години, од аспект на финансиско работење е најуспешната општа болница, според економските параметри кои Фондот ги следи преку финансиски конторли. Ова е впечатокот на директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија м-р Маја Парнарџиева-Змејкова од нејзината денешна посета на Општата болница во Гевгелија каде таа, со нејзиниот тим, се сретна со првиот човек на оваа здравствена установа д-р Сретко Јованов и побара да се продолжи со домаќинското работење на менаџерскиот тим. Од директорот Јованов таа имаше можност лично да добие информации за грантот од ИПА фондовите во вредност од 430.000 евра за модернизација и унапредување на услугите. Парнарџиева-Змејкова истовременo укажа дека кога станува збор за итни случаи, пациентите не треба да се враќаат, туку треба веднаш да им се пружи неопходната здравствена услуга.