Струмица е град лидер во Македонија во користењето на електронските услуги на Фондот за здравствено осигрување на Македонија. Дури 95% од струмичките осигуреници ги подигнале своите електронски здравствени картички, 65% од фирмите се најавиле на веб порталот на Фондот и ги користат електронските услуги, наместо да доаѓаат на шелтерите во подрачната служба. Ова денес го соопшти директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова при нејзината посета на подрачната служба на ФЗОМ во Струмица. Парнарџиева-Змејкова го изрази своето задоволство од функционирањето на подрачната служба и од ажурноста на граѓаните и фирмите во Струмица, кои меѓу првите фатија приклучок со современите информатички текови на работење.