Новиот начин на функционирање на Фондот со електронските услуги наидува на огромно задоволство кај фирмите кои веќе нема потреба да доаѓаат во подрачната служба во Битола за пријави и одјави на осигуреници. Досега 40% од фирмите се вклопиле во електронскиот начин на работење, а дури 85% од осигурениците си ги подигнале и ги користат своите електронски здравствени картички. Ова го истакна м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, директор на Фондот за здравствено осигурување при денешната посета на Подрачната служба на ФЗОМ во Битола.