Работна средба со здравствените работници на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева – Змејкова во Тетово

Во рамките на својата посета на општина Тетово, директорката Парнарџиева-Змејкова оствари работна средба со здравствените работници. Лекарите, фармацевтите и стоматолозите на работната средба беа информирани од директорката Парнарџиева-Змејкова за тековните активности на работењето на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Тие ги поздравија новините кои ги воведе Фондот во однос на упатувањето на пациентите на повиско ниво на здравствена заштита, како и во однос на електронското работење и пријавување и одјавување на пациентите. Истовремено, лекарите го искажаа своето задоволство од начинот на соработка што го остваруваат со Фондот, кој внимателно ги анализира барања на лекарите и во рамките на своите надлежности ги реализира.