Учество на ФЗОМ на Скопскиот маратон 2014

Вработените од Фондот за здравствено осигурување на Македонија на чело со директорката, м-р Маја Парнарџиева Змејкова и и годинава земаа учество на Скопскиот маратон. Покрај желбата да бидеме дел од овој светски настан, сакавме преку личен пример да покажеме дека маратонот е одлична можност уште еднаш да потврдиме дека здравиот живот и спортувањето се неопходност и треба да бидат секојдневие за секој од нас.