„Ефектите од воведените електронски услуги во ФЗОМ“, е тема на излагањето на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова на 27-тото по ред советување на правниците од здравството на Република Македонија. Советувањето е во организација на Здружението на правници од здравството на Република Македонија. Овој стручен собир се одржува во хотел Инекс Дрим во Струга, од 22 – 24 мај 2014 година и на него покрај правници, директори на здравствени установи, економисти, доктори, административни работници членови на синдикати, членови на управни одбори, членови на комисии на јавни набавки и други заинтересирани лица, учествуваат и стручни лица од Фондот за здравствено осигурување на Македонија кои ги презентираат новините во медицинската рехабилитација како и продолженото болничко лекување и олеснувањата во начинот на упатување на пациентите на повисоко ниво на здравствена заштита.