Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува осигурениците на кои при остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, им биле наплатени дополнителни средства за надстандардно лекување и/или сместување за начинот на поврат на истите. Доплатата за надстандардни услови за лекување се однесува на наплата за користење на термоминерална вода додека доплатата за надстандардни услови на сместување се однесува на доплата за сместување во дво и трокреветни соби освен ако осигурениците биле сместени со член од семејството како придружник.
Документи врска