Известување за осигурениците-Дежурна служба Идадија

Фондот за здравствено осигурување на Македнија ги известува сите осигурени лица дека отсега можат да добијат здравствена заштита од страна на дежурни тимови на матични лекари во дежурните служби и во Поликлиника Идадија (освен на другите поликлиники), секоја сабота од 07:30 до 19:30 часот. Со ова се овозможува во сите поликлиники на подрачјето на град Скопје да има континуирана здравствена заштита за сите осигуреници. Дежурната служба си работи континуирано и во ноќните часови, недела и државни празници.