Промовиран водич за раст и нарушувања на растот

„Растот не е само сантиметри...растот е показател на целокупното здравје“ е мотото на денешната прес-конференција што ја организираше Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ во соработка со Фондот за здравствено осигурување на Македонија и ЈЗУ Здравствен дом-Скопје. Ова мото е и суштината на првиот „Водич за раст и нарушувања на растот“ што го презентираше здружението , а кој, според Александар Петровски, претседател на „Раст“ дава многу одговори и практични совети повразани со нарушувањата на растот. Овој водич ќе им биде од огромна помош на родителите кај чии дечиња е поставена дијагноза за некакво нарушување на растот. Истовремено, водичот е дел од кампањата за рано препознавање на нарушувањата на растот што ја реализира Здружението.