Реформите и предизвиците во финансирањето на македонскиот здравствен систем е темата на која директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова има предавање на XIX Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги. XIX Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги се одржува 23 до 27 јуни 2014 година во Милочар, Република Црна Гора, со наслов „Здравствените системи на Југо-Источна Европа на крстопат – по декада на реформи, поглед кон иднината. Оваа меѓународна Летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги, е во организација на Европскиот центар за мир и развој, при Универзитетот на Обединетите Нации, кој е високо ценет во сферата на здравството и има силно влијание врз креаторите на здравствените политики во целиот свет, бидејќи претставува своевиден репер за менаџерите на здравствените установи ширум светот.