Средба на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова со Здружение на граѓани “Хемолог“

Она што пред 20 години за нас беше сон, денеска е веќе реалност, достапност на потребните лекови, отворена врата на институцијата но и слух за нашите проблеми кои резултираат со подбра здравствена грижа за лицата со хемофилија. Ова на денешната средба со директорката, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова и нејзиниот тим го истакна Драги Лулевиќ, престседателот на Управниот одбор на Здружението „Хемолог“. На средбата одржана во ФЗОМ присуствуваше и Цветанка Наќоскa, почесен претседател на здружението.