23 генерики односно 85 заштитени имиња стануваат подостапни од 8 јули 2014 година за 250.000 осигуреници. Односно 733.000 рецепти осигурениците побрзо ќе ги реализираат. Новите промени во Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот се направени по барање на лекарите, но и врз основа на анализите на ФЗОМ, според кои се оцени дека има и медицинско оправдување за новата либерализација на овие лекови од позитивната листа. Одлуката објавена во Службен весник на РМ со број 98 од 30 јуни 2014 година,опфаќа 2 измени во делот на режимот на пропишување на одредени лекови.