Едукативнa работилници со пензионерите во Дебар

ФЗОМ продолжува со одржување на едукативните работилници со пензионерите. Единаесетата работилница се одржа во Дебар и има за цел да ги едуцира пензионерите за нивните права од здравствено осигурување. Директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази се заблагодари на Сојузот на пензионери и на Црвениот крст за успешно реализирање на едукативните работилници кои имаат цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за нивните права од здравственото осигурување.