ФЗОМ се стекна се ИСО 9001:2008 сертификат

Како резултат на своите заложби во внесување на сите иновации и стандарди во своето секојдневно работење, што ќе резултира со задоволни осигуреници и клиенти, ФЗОМ се стекна со ИСО 9001:2008. Овој сертификат потврдува дека институцијата континуирано работи на подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси и испораката на услугите кон крајните корисници.