На Управниот одбор на Фондот се усвои анекс на договор со давателите на здравствени услуги од дејноста општа медицина (1524), гинекологија (137) и стоматологија (1136). Со новиот анекс договор е овозможено во случај кога избраниот лекар користи породилно отсуство, Фондот да не го раскинува еднострано договорот, ако не е вработен лекар замена по истекот на 35 дена, но најмногу до 270 дена од настанување на случајот. Како доказ, здравствената установа треба да приложи копија од два пати неуспешно објавен оглас за вработување на лекар од АВРМ. До вработувањето на новиот лекар (замена) се затвара факсимилот на лекарот и не се исплатува капитација.