Обраќање на директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази по повод учество на Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување во Тирана, Албанија

Директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази во периодот од 25-26 септември 2014 година зема учество на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува во Тирана, Албанија. На овој еминентен стручен собир учествуваат директори на фондови за здравство и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Косово, Хрватска, Република Српска, кои ќе имаат свои излагања поврзани со предностите и негативните апсекти на главните финансиски методи на здравствениот систем.