Антибиотиците не се храна – непотребното користење ја намалува нивната делотворност е мотото на одбележувањето на Европскиот ден на рационална употреба на антибиотици на стручниот семинар на тема „Рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција “, кој се одржа во Велес, на 26 септември 2014 година. ФЗОМ ја поддржува кампањата за рационална употреба на антибиотици и во повеќе наврати зема активно учество во промовирањето на совесен однос на сите осигуреници кон употребата на антибиотиците.