Со последните измени во сферата на лековите, ФЗОМ за осигурениците овозможи олеснување на начинот на добивање лек на товар на Фондот, поголем избор на лекови, како и проширување на индикационите подрачја за лековите што може да се пропишат на товар на ФЗОМ. Овие новини имаат и финансиски ефекти. Се очекува заштедите за осигурениците да бидат 200.000 денари годишно, а Фондот, со овие новини, за лекови годишно ќе може да пренамени 2 милиони денари.