Финансиските контроли на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за првото полугодие на 2014 година, констатираа подобрувања кај јавните здравствени установи, особено кај универзитетските клиники и болниците, кои се резултат на соработката и следењето на препораките за подобро финансиско работење од страна на ФЗОМ.