Одбележување на Европскиот ден на дарување на органи – обраќање на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејковз

Исклучително е важно, секој од нас, да најде барем пет минути и да поразговара со членовите на своето семејство за важноста од спасување нечиј живот. Органодарителството е врв на хуманоста и токму затоа, Фондот посветено работи на неколку проекти со кои органодарителите се изедначија со крводарителите и тие нема да плаќаат партиципација за здравствени услуги. Истовремено, ФЗОМ е фокусиран на превенцијата, преку проектот за превенција, во соработката со матичните лекари за подигнување на јавната свест за бубрежните заболувања.