Свесни сме дека Светскиот ден на артритисот е еден од најзначајните денови за пациентите со ревматолошки заболувања и истиот се прославува насекаде ширум светот. Како здравствени власти и како Фонд за здравствено осигурување на Македонија ги цениме укажувањата на нашите партнери, здруженијата на пациенти и овозможивме терапија преку условните буџети, кои се таргетирани токму за пациентите со овие заболувања.