Учество на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова на VII Меѓународен конгрес на нови технологии во стоматологијата

Во договорите со општата стоматологија, по барање на Стоматолошката комора, ФЗОМ обезбеди флексибилен пристап, со кој им овозможи на стоматолозите покрај примарната здравствена заштита да пружаат специјалистички услуги, што се надвор од услугите што ги покрива Фондот кај специјалистите стоматолози. За специјалистите Фондот овозможи квартален начин на фактурирање, односно се даде можност самите специјалисти да си го одредат обемот на работа во текот на тромесечието.