Дури 90% од вкупниот број на граѓани во Република Македонија се опфатени во системот на задолжителното здравствено осигурување и секој граѓанин има право да биде вклучен во системот, што ја вбројува Македонија во земјите со највисок процент на здравствени осигуреници. Ова го истакна м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, директорка на ФЗОМ, на средбата со претставникот на УНИЦЕФ за Македонија, др. Бертранд Демулан, што беше одржана на негово барање.