Големо олеснување за редовните студенти – повеќе нема потреба од доаѓање на шалтер во ФЗОМ

Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“ Фондот овозможи големи придобивки за редовните студенти, кои до сега потврдата за редовно школување требаа да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ. Со новиот проект, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ќе ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование. За оние студенти кои нема да може да ги достават потврдите електронски, ќе остане како досега, да достават потврда во хартиена форма во подрачните служби.