ФЗОМ сака да ја информира јавноста за ставот на Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, со која имаше средба и презентација на новиот проект „Побрза исплата на надоместоци“. Во оваа група членуваат претставници од владини институции како: Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Генерален секретаријат, Министерство за надворешна политика, Министерство за земјоделство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за транспорт, претставници од Синдикатот, од Сојузот на работодавачи, претставници од невладиниот сектор, независни експерти за родово право и меѓународни организации.