На 5-тиот Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет кои се одржува во Анталија, Р.Турција, голем број на презентери ги претставија новините во здравството во нивните земји. Турција како земја домаќин, ги претстави своите големи проекти кои се планираат во здравството како и веќе постигнатите резултати. Најголем интерес кај учесниците на конгресот предизвика претставувањето на проектот за отворање на мегаболници во големите градови во Турција. Овој проект предвидува отворање на болници со над 5.000 болнички кревети преку јавноприватно партнерство во 5 градови.