Во Куманово одржана 19-та работилница за едукација на пензионерите за нивните права од здравствено осигурување

Нашите осигуреници, кои имаат започнато постапка за остварување на право на пензија, ќе можат од наредната година да ги користат правата од здравственото осигурување, уште 60 дена по престанокот на работниот однос. Досега во практиката, овие осигуреници од денот на поднесувањето на барањето за остварување на право на пензија, до денот на добивање на решението со кое им се утврдува правото на пензија, имаа дисконтинуитет во користењето на здравственото осигурување, поради подолготрајната постапка која се води во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со денесените измени, се овозможува на идниот пензионер уште 60 дена да има континуирано здравствено осигурување иако сеуште нема добиено решение за остварување на право на пензија, истакна на денешната едукативна работилница за пениознерите во Куманово, директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова