Новините и олеснувањата за користење на ортопедските помагала и лековите, беа тема на денeшната прва едукативна работилница за пензионерите, што се одржа во Здружението на пензионери на Карпош. Ове е прва од планираните 30 работилници за 2015 година, за зголемување на информираност на пензионерите преку презентирање на најновите информации за новините од доменот на лековите и ортопедските помагала. Едукативните работилници кои минатата година ФЗОМ ги започна како проект, се во организација и соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и на Црвениот Крст на Македонија, и тие е планирано да продолжат во текот на целата 2015 година.
Документи врска